1K
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Будимпешта во штабот на Фидес на Виктор Орбан.
По прогласувањето на победата на Орбан на парламентарните избори, Мицкоски објави селфи со унгарскиот премиер, а и му ја честиташе победата на Александар Вучиќ.
-Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Македонија има пријатели!, напиша Мицкоски на Фејсбук.