(Фото)Мицевски и Петкова од ВМРО-ДПМНЕ стигнаа во Собрание со скафандери

by fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова кои се позитивни на ковид-19 денеска во скафандери пристигнаа во Собранието.

Мицевски кратко изјави дека се е по протоколите и тој уште пред седницата најави дека со неговата колешка иако се заразени ќе присуствуваат на гласањето.

-Имајќи го предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применет во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање. Ако се сеќавате, имаше и кривични пријави кои беа отфрлени и беше констатирано дека се е во ред, тврдеше Мицевски.

 

Тој се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19, гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека била запазени протоколите.

Поврзани новости