440
Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.
Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија – Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат.