(ФОТО) Милошоски свика седница за новите амбасадори Манасијевски и Исмаили

by fokus

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонијо Милошоски свика седница на која двајца вонредни и ополномоштени амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности.

Станува збор за амбасадорот назначен за Турција, Јован Манасијевски, како и за амабасадорот назначен за шеф на Мисијата на Република С. Македонија при Европската Унија во Брисел, Зулфи Исмаили.

Седницата ќе се одржи денеска во 11 часот.

Милошоски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи подолг период се во „војна“ откако претседателот на Комисијата одбиваше да свика седници на кои програмите требаше да ги претстават останатите амбасадори.

Во моментов, МНР ја има завршено процедурата за уште двајца амбасадори,  Зекир Рамчиловиќ за Подгорица, Јово и Виктор Димовски за Париз, но овие двајца не се најдоа на денешниот дневен ред.

К.С.Б.

Поврзани новости