Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го избра тимот со кој ќе и се спротивстави на Португалија во натпревар кој ќе се игра на легендарниот „Драгао“ во Порто.
Практично со ист состав ќе се играме против Португалија како со тој против Италија, а двете промени доаѓаат во средниот ред. Тука се повратниците Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои ќе играат на местата на Бобан Николов односно Дарко Чурлинов.
Во срцето на средниот ред ќе бидат Арјан Адеми и Енис Барди, а нападот ќе биде предводен од Милан Ристовски и херојот од Палермо, Александар Трајковски.
Нашиот противник Португалија пак ќе започне со Диого Коста на голот, во одбраната ќе бидат Кансело, Данило, Пепе и Мендеш. Средниот ред ќе бидат Жоао Мутињо, Бруно Фернаднеш и Отавио, а офанзивата најистурен ќе биде Кристијано Роналдо на кого ќе му помагаат Диого Жота и Бернардо Силва.