Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, попладнево го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Бугарија (2 јуни), Гибралтар (5 јуни), Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери:
голмани: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА);
одбрана: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Кире РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), Стефан АШКОВСКИ (Сепси, Романија), Никола СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
среден ред: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Леванте, Шпанија), Стефан СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердал РАКИП (Малме, Шведска), Бобан НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);
напад: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Шалке 04, Германија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија).
Двете воведни пресметки „црвено-жолтите“ ги играат на гостински терен во Разград и Гибралтар. Домашните натпревари против Грузија и Гибралтар се закажани на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Фото – ФФМ