456
Европскиот шампион Вардар денешниот ден го посвети на приеми кај државниот врв. Почна со премиерот Зоран Заев, па градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов и на крај беа кај претседателот Стево Пендаровски.
Додека сите фанови се во исчекување што ќе се случува со Вардар наредната сезона и кој ќе биде мнозински сопственик, на денешните приеми покрај досегашниот сопственик Сереј Самсоненко беше и поранешниот сопственик Михајло Михајловски, кој во последниот месец најави дека тој нема да дозволи Вардар да пропадне.