734
Откако Владата ги донесе новите мерки со кои се предвидува сертификат за вакцинација за влез во угостителски објекти и на разни настани, во изминатите два дена ситуацијата на вакциналните пуктови е хаотична. На влезовите на сите поликлиники во Скопје каде се врши вакцинација има метеж од луѓе и не се почитуваат мерките за социјална дистанца.
Денеска така е и во поликлиниката Букурешт, каде медицинските лица не можат да постигнат навремено да ги примат сите граѓани дојдени за вакцинација. Се чека и по три часа да се дојде на ред.