Лионел Меси, играчот на Интер од Мајами е „фатен“ во супермаркет во САД, што можеби никогаш не се случило додека живеел во Европа.
Освен што еден од најдобрите фудбалери на сите времиња слободното време го поминува во мегалуксузен стан од осум милиони долари во познатата кула „Порше Дизајн“, тој како и остатокот од нормалниот свет оди на шопинг во околните продавници.
Сега Меси е фатен како турка полна количка во продавница, а на фотографијата се гледа дека земал многу пакувања во големина „кинг сајз“, бидејќи веројатно не планира често да пазарува.
View this post on Instagram
Познатиот ас има три сина, па не е ни чудо што мора да купува разни корнфлекси, пици и други потреби во големи количини.
Како и да е, славниот фудбалер одлучи да се пресели во САД делумно затоа што можеше да живее живот што е можно поблиску до анонимни луѓе, што за него беше незамисливо во Европа.
Како што неодамна објави германски „Билд“, аргентинската ѕвезда уште пред да ја донесе одлуката да заигра за Интер инвестирал во неколку имоти во атрактивниот град во Флорида, а според сознанијата на британски „Сан“, поранешната суперѕвезда на Барселона потрошила над 17 милиони евра.
Меси во својата кариера освои седум златни топки, четири Лига на шампиони, 10 шампионски титули со Барселона во Примера и две шампионски титули со Пари Сен Жермен.