858
Матичните лекари денеска излегоа на протести, за да го изразат своето незадоволство, секој пред својата ординација.
Тие протестираат, за како што велат игнорантскиот однос кон нив и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денеска.
Асоцијација на специјализанти и млади лекари објави фотографии на својот официјален фејсбук профил, каде што можеше да се забележи дека матичните лекари сите пред своите ординации држат лист на кој пишува „Доста е“.