825
Крушево вечерва се подготвува за прославата за најважниот празник во градот, Илинден.
Музичката прослава започнува од 20.30 часот со настап на операта, балетот, ,,Танец” и балерината Ивана Коцевска пред споменикот Илинден. Подоцна свој музички перформанс ќе имаат Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Наде Талеска и Виктор Апостоловски.
Денот ќе се заокружи со сцени од Крушевската Република и импровизиран напад врз градот.
Јорданчо Цветаноски