630
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вечерва е на националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Македонија – Бугарија.
Тој е во друштво на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и актуелниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
Фотографијата на социјалните мрежи ја објави Шилегов со опис „Навиваме за Македонија“.
Резултатот на полувреме е 0-0, а Македонија во 15-тата минута остана со играч помалку, откако Тодор Тодорски заработи црвен картон.