Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва приреди ифтар за членовите на Владата и за претставници на партиите од коалицијата, како и за претставници на Исламската верска заедница и други општествени организации кои ја практикуваат исламската вероисповед.
„Со заедничкото споделување и укажување чест во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан, испраќаме порака за заедништво и подавање рака. Ова се празнични денови кои нè учат сите нас на милосрдие, добрина, давање љубов, грижа и простување кон другите“, рекол Ковачевски пред присутните, соопштија од Владата.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва слави ифтар, сподели самиот на неговиот фејсбук-профил.
„Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, на ифтар вечера со нашите пријатели. Македонија наша заедничка, за сите луѓе“, напиша тој.