(ФОТО) Ковачевски ги пречека лидерите од соседството, утре ќе разговараат за Планот за раст за Западен Балкан

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ги пречека неговите колеги од Албанија и Косово, но и претседателот на Србија кои утре ќе учествуваат на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст на регионот, усвоен од Европската Комисија.

Тој на неговиот фејсбук-профил, напиша „вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ“.

„Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност“,напиша Ковачевски.

Поврзани новости