(ФОТО) Која е Ана Гроздановиќ: Левичар сум и ќе бидам влијателна во политиката!

by Fokus

Убавите жени во политиката секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста, а една од нив е и Ана Гроздановиќ (26), чии фотографии ги полнат медиумите во соседна Србија. Убавицата која што веќе извесен период е во центарот на вниманието, како поради својот политички ангажман во Социјалистичката партија на Србија, но и поради атрактивниот изглед, често објавува интересни фотосесии, и има над 100.000 следбеници на социјалните мрежи.

За себе вели дека е левичар во душа, дипломиран правник е, а во интервју за српски Информер раскажува дека нејзин пример е претседателот на СПС, Ивица Дачиќ.

-Не сум ловец на функции и сакам да и помогнам на партијата. Поради мојот атрактивен изглед, секогаш имало предрасуди, ама тоа трае додека луѓето не ме запознаат. Не им робувам на предрасудите. Како и на секоја жена, важно ми е да изгледам добро, но сепак не посветувам многу внимание на тоа. Моето дете е приоритет, во однос на се – појаснува Гроздановиќ, која е активна на сите партиски собири на СПС, а посебно се истакнуваше во предизборната кампања минатата година.

Исто така, таа е претставник на Комисијата за образование, спорт и култура во Општина Ниш. Околу политичките планови за во иднина, не крие дека е партиски војник и дека сите планови и се поврзани со активностите и плановите на СПС.

-Партиски војник сум! Сигурна сум дека ќе ја исполнам секоја задача која ќе ми биде доделена и ќе ја оправдам дадената доверба! Себе се гледам како успешна и влијателна политичарка во иднина. На 18 години станав член на партијата, тоа е семејна традиција. И дедо ми беше социјалист – вели Гроздановиќ, која е една од низата атрактивни жени – политичарки од редовите на СПС, за кои често се пишува во српските медиуми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости