Поп пејачката Каролина Гочева беше дел од учесниците на двата концерти кои се одржаа во Битола, во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски.
Во својот роден град таа се појави облечена во црно сако без кошула и црни пантолони. Елегантната и шик комбинација ја дополни со ланче со приврзок во форма на буквата К, црни салонки на тенка штикла и црн лак за нокти. Креацијата била дело на Цаци Паковска.
По успешните концерти, таа се заблагодари на својата страница на сите кои дошле да ги слушаат, како и на Камерниот оркестар Битола и на тамошниот Центар за култура.
-Изминатиот викенд имавме два прекрасни концерти во Битола. Со здружени сили пеевме за нашите Аки и Тоше и се потсетивме на нивните најубави песни. Засекогаш во срцата – порача Гочева, која е често настапува во нејзиниот роден град.