ФОТО: Камчев и Мијалков на обвинителна клупа

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд седнаа на обвинителна клупа како обвинети во случајот “Плацевите на Водно”.

Во овој случај обвинети се и екс премиерот Никола Груевски, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.

Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

В.В.

Поврзани новости