(ФОТО) Како Северина го прослави 50-тиот роденден?

by Фокус

Северина вчера го прослави јубилејниот 50-ти роденден.

На синоќешната прослава на пејачката имало околу 250 гости, а во текот на вечерта на социјалните мрежи се појавија бројни снимки и фотографии кои открија што се случува во загрепскиот клуб.

Таа на забавата возела со порше, а при пристигнувањето блеснала во фустан на Баленсијага, кој вообичаено чини 1.900 евра.

Меѓу гостите беа Петар Грашо и Хана Хуљиќ, Борис Новковиќ и Санди Ценов, Мислав Баго, Тарик и Лејла Филиповиќ, Димитрије Поповиќ …

Снимките на гостите открија дека биле дочекани со натпис „Severina level 50“ и дека на почетокот на екранот на сцената се вртеле фотографии од пејачката.

На влезот стоел цветен ѕид со иницијалите на славеничката, а пред него Северина позирала со гостите.

Поврзани новости