Активистката и писателка, која од 1995 година го носи прекарот најпознатата љубовница во светот, Моника Левински (50), денес изгледа многу поинаку отколку кога се појави веста дека има афера со американскиот претседател – Бил Клинтон.
Во меѓувреме таа „целосно го трансформира“ својот изглед, а многумина се согласуваат дека денес изгледа подобро од било кога.
View this post on Instagram
Левински се претстави во новата кампања на брендот „Reformation“, која е поддржана и од организацијата „vote.org“.
Целта е да се мотивираат жените да излезат на претстојните претседателски избори во Америка и да го дадат својот глас „со стил“.
„Женскиот судија е моќна жена – а моќната жена го користи својот глас“, рече таа во кампањата You’ve Got the Power.
Иако целта на самата кампања е во преден план, интересни се и модните парчиња во кои Левински позира, а нивните цени се движат од 198 до 448 долари.
View this post on Instagram