(Фото) Кај навивачот кој го гаѓаше Куртоа со запалка пронајден е нож

by Fokus

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид синоќа одиграа одличен натпревар од 8. коло во Ла Лига. Натпреварот донесе многу возбудувања, прекин, израмнување на крајот и црвен картон.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а стрелци беа Милитао за Реал во 64. минута и Кореа за Атлетико во судиското надополнување.

Натпреварот беше прекинат по голот на гостите кога мета на навивачите беше голманот на Реал, Куртоа, но набрзо потоа мечот продолжи.

Се чинеше дека Реал ќе ги освои трите бода, а потоа Гризман одигра перфектна топка до Кореа кој истрча пред Куртоа и во 95. минута му донесе бод на Атлетико Мадрид.

Судиите првично досудија офсајд, но ВАР потврди дека Ридигер бил најблиску до голот на Реал.

Телевизијата El Chiringuito донесе ексклузивна информација дека еден од навивачите, кој фрлил запалка кон Куртоа, имал и нож.

Неверојатна ситуација на едно од најголемите дерби во светот, но и голема грешка во организацијата.

Поврзани новости