1K
Фудбалската федерација на Македонија денеска го претстави дресот со кој нашите фудбалери ќе истрчаат на зелените терени на ЕП.
Новиот дрес има бордо боја, со дизајн на балканскиот рис во долниот дел од дресот, што наиде на многу негативни критики од јавноста на социјалните мрежи.
Најголем дел од нив сметаат дека дресот е тотална утка, алудирајќи дека потсетува на дрес на Латвија, која на државното знаме ја има темноцрвената боја.
Голем дел од нив сметаат дека треба да биде стариот дрес, затоа што според нив, ги содржи црвената и жолтата боја.
Фото – Перо Стојановски