540
На малиот херој Јане Велковски му се исполни еден од најголемите детски сонови, откако доживеа топло добредојде од ѕвездите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед, пишува порталот Спортмедиа.
Деветгодишното момче денеска пристигна во Манчестер, а во хотелот „Лаури“ кој важи за база на „црвените ѓаволи“ со насмевки на лицето беше пречекан од Маруан Фелаини, Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо, кои одвоија време и се подружија со македонското момче.