Израелската војска објави фотографии на кои се гледаат локациите каде Хамас поставува ракети за лансирање, а се во близина на цивилната инфраструктура во Појасот Газа, односно до училишта, градинки, џамии.
Оваa зграда се наоѓа директно спроти местото за лансирање ракети на Хамас што се користи за тероризирање на израелските цивили. Хамас директно ги загрозува жителите на Газа, Израелците и меѓународната заедница – пишува во објавата на официјалниот Твитер профил на израелската војска.
Денеска е 17-ти ден од конфликтот меѓу израелската армија и Хамас. Обединетите нации објавија дека уште 14 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа, што е само втора таква испорака за повеќе од две недели.
Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа.
This @UN building sits directly across from a Hamas rocket launch site used to terrorize Israeli civilians.
Hamas directly endangers Gazans, Israelis and the international community.
Click the thread to see where Hamas put their other rocket launchers👇 pic.twitter.com/BYyCKEwP0C
— Israel Defense Forces (@IDF) October 22, 2023