443
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска доби честитки за поканата за членство во НАТО која Македонија ја доби вчера.
Имено, на Фејсбук страната на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје беше објавена фотографија од Иванов и капетанот Бартол Горазд со објаснување:
-Капетанот Бартол Горазд му честиташе на претседателот Иванов за добиената покана за почнување на пристапни преговори за членство во НАТО.
Досега, претседателот Иванов се нема изјаснето во јавноста за случувањата на НАТО Самитот во Брисел и за поканата.