(ФОТО) Иван, пациентот на кого му беше трансплантирано срце: Повторно ќе живеам со полни гради!

by Fokus

Во одлична состојба е Иван, пациентот на кој пред неколку месеци му беше трансплантирано срце од починат донор.

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави дека Иван се чувствува одлично.

„Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден“, објави Филипче на својот профил.

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра…

Publiée par Венко Филипче sur Lundi 10 août 2020

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

Поврзани новости