(ФОТО) ИРЛ ја доби наградата за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“

by Fokus

Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“.

Фоторепортерката Арбнора Мехмети ја доби наградата за најдобра фотографија за 2020 година со шатките кои преминуваат улица за време на викенд-карантин.

Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев  за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“.

 

Поврзани новости