944
Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“.
Фоторепортерката Арбнора Мехмети ја доби наградата за најдобра фотографија за 2020 година со шатките кои преминуваат улица за време на викенд-карантин.
Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“.
–