521
-Убијци, оставка, скандираат граѓаните кои попладнево се собраа пред Влада по пишувањата на Фокус и откако истражните органи влегоа во Клиниката и отворија постапка за скандалот со препродажба на лекови на болните од рак.
-„Психопати во бели мантили“, „Колку вреди човечкиот живот“, се дел од транспарентите.
Бараат оставки и одговорност од Владата. На улицата пред владината зграда испишаа „Убијци“ и ги обоија рацете во црвено.