Фото: Халкидики по страшната бура

by Фокус

Бројот на загинати во силното невреме на Халикидики порасна на седум откако вчера е пронајдено телото на маж во областа кај Неа Каликратија, јавува Катимерини.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека ќе биде понудена помош за три општини на Халкидики заради реконструкција.

Според грчки владини извори, патната мрежа е целосно санирана, со исклучок на патот Мудања-Касандра каде што паднаа столбови на грчката електродистрибуција, десет граѓани кои остана без кров на глава се згрижени во хотели и соби, со помош на војската биле обезбедени генератори за инфраструктурите од стратешко значење кои останаа без струја (полициските станици, противпожарните единици, општината и сл), а за трите најпогодени општини и селата кои останаа без вода, формирани се специјални простории со флаширана вода за пиење, јави дописничката на МИА од Атина.

Поврзани новости