621
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот УС Опен, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.
Трибините, како што вообичаено, беа исполнети, а иако публиката беше претежно наклонета кон локалниот тенисер, присутни беа и голем број навивачи на Новак.
Меѓу нив беше и момче од Македонија, кое по натпреварот успеа да стигне до Новак.
Кога се доближил до Ѓоковиќ, навивачот му дал знаме за да може Србинот да го потпише, а со гестот млад човек покажал колку многу го сака Ѓоковиќ.
Кога Новак му го врачил потпишаното знаме, момчето не можело да го сокрие ентузијазмот, па го бакнал знамето, а потоа среќен си заминал од трибините.