(ФОТО) Фудбалер од Италија од терен со силна порака за состојбата со корона вирусот

by fokus

Сасуоло вчера триумфираше над Бреша со резултат 3-0 во 26-то коло од италијанската Серија А. Покрај тоа што мечот се изграше без публика, со оглед на хаосот со корона вирусот во Италија, еден момент помина во знакот на фудбалскиот меч.

Играчот на Сасуоло, Франческо Капуто по постигнување на првиот погодок, испрати силна порака кон јавноста во Италија. Тој извади лист хартија на кој пишуваше „се ќе биде во ред, бидете дома“.

Апенинскиот полуостров влезе во „црвена фаза“ поради опасниот вирус, а починаа над 400 луѓе.

Поврзани новости