(ФОТО) Филипче: Трансплантацијата на срце успешна, огромен успех за македонското здравство!

by Fokus

Доцна синоќа беше успешно завршена првата трансплантација на срце во Северна Македонија.

Трансплантацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги.

Publiée par Венко Филипче sur Vendredi 22 mai 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче ова го објави на неговиот профил на Фејсбук, додавајќи дека тоа е голем успех за здравството во нашата земја.

Ова е првата операција на трансплантација на срце во нашата држава од починат донор.

Истата ја изведоа тим доктори кардиохирурзи и анестезиолози, професор доктор Сашко Јовев од државната кардиохирургија, доктор Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“ професор доктор Александар Николиќ, кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија, доктор Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“.

Поврзани новости