Со мобилен телефон в рака, екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески е во затворска ќелија во прилепскиот затвор, пишува „Независен.мк“.
Според фотографијата објавена од порталот, Талески е по долна маица, со тренерки и со влечки, а е најверојатно фотографиран без да знае, од друг затвореник во ќелијата, кој, најверојатно, исто така користи мобилен телефон.
На фотографијата се гледа дека Талески е во разговор со трето лице, додека во рацете држи мобилен телефон.
Фотографијата на Фејсбук ја споделил извесен битолчанец Благојче кој бара итен претрес во прилепскиот затвор.
„Затоа веднаш претрес во прилепскиот затвор и да видиме како `Двојче` го водат парите, како дошол до андроид телефон да си пишува со саканите? И да провериме дали сѐ уште ќе има телефон во неговата ќелија и кој ќе му го дозволи…“, коментира битолчанецот.