415
Со фотографија на која е заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил ја одбележа годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.
-Една година, мој пријателе, Никола Димитров, напиша Коѕијас заедно со фотографијата.
-Направивме историја, размислувајќи за иднината, мој пријателе!, одговори Димитров под фотографијата и ја сподели на неговиот Твитер профил.