870
Во текот на вчерашниот ден, до Центарот за управување со кризи стигнала пријава од загрижен граѓанин дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево постои голема дупка, што претставува опасност за безбедноста на возачите коишто се движат на овој потег.
Од Центарот за управување со кризи веднаш ги известиле локалните власти и претпријатија, а пријавено е и во МВР.
Од страна на ЈП „Улици и патишта“ доцна синоќа дупката е обележена.
Стручните лица процениле дека оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и безбедноста на граѓаните.