ФОТО: Дупка длабока над 15 метри се отвори на патот кај Косоврасти

by Fokus

На патнот правец Дебар-Маврово, кај селото Долно Косоврасти, делница Дебар-Жировница, сообраќајот се одвива неизменично по оспособена девијација, поради појава на кратер, пропадната дупка на коловозот.

-Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на макистрални и регионални патишта.

Очекуваме, додава тој, сообраќајот да се нормализира за неколку часа.

Во исто време тој препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони, прилагодување на брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

 

Поврзани новости