(ФОТО) ДПИ затвори две кафулиња во Тетово: Гостин навредувал инспектори и се претставил како советник на Заев

by Fokus

Државниот пазарен инспекторат во изминатите неколку дена затвори две кафулиња во Тетово поради пречекорување на работното време.

Како што ни истакна првиот човек на ДПИ, Стојко Пауновски, станува збор за кафулињата „Шенде Вере“ и „Смпл“, затоа што локалите работеле и после 1 часот по полноќ.

„Во кафулето „Симпл“ имало и навреди кон инспекторите. Полицијата го привела лицето кое ги навредувало, а се претставувал дека е советник на премиерот Зоран Заев. Има уште кафулиња за затворање, но мора да одиме по законска процедура“, ни изјави Пауновски.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости