(ФОТО) Документ од „Американ Хоспитал“ кој потврдува дека гинекологот Вјолце Мбиара работела во нивната болница

by fokus

Сопругот на докторката Вјолце Мбиара која работи како гинеколог во општината Шуто Оризари до „Фокус“ испрати официјален документ од „Американ Хоспитал“ од Албанија со кој се потврдува дека докторката работела во таа болница во Драч.

Сопругот за „Фокус“ објасни дека тие побарале од болницата да го демантираат претходното соопштение во кое тврдеа дека докторката Вјолце Мбиара воопшто не работела во нивната болница.

-Од болницата ни рекоа дека не знаеле за која докторка се работело и дека настанала грешка во секторот човечки ресурси, вели сопругот.

На нивно барање од „Американ Хоспитал“ добиле и документ со кој се потврдува дека докторката Вјолце Мбиара работела во нивната болница од 2014 до 2016 година. Документот е потпишан од директорот на болницата во Драч.

К.С.

 

Поврзани новости