ФОТО: Доделување на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

by Фокус

Македонскиот институт за медиуми денеска ги додели наградите од конкурсот „Никола Младенов“ за најдобрите истражувачки стории во 2014 година. Добитник на првата награда е новинарот од Фокус, Љубиша Арсиќ, за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“. Потоа, втората награда ја доби Соња Колевска-Делевска од Вест за серијалот истражувачки текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“. Третата награда, пак, им припадна на новинарите Владо Апостолов, Сашка Цветковска и Нела Лазаревиќ за сторијата „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции“, што е дел од заедничкото истражување на БИРН и ТВ Нова.

Притоа, Комисијата одлучи да додели две пофалници за истакнат новинарски ангажман на Валентина Стојанчевска за сторијата „Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор“, објавена во неделникот Фокус, како и на Марија Митевска за сторијата „Земјиштата продадени, хотелите неизградени“ објавена на веб-страницата www.prizma.birn.eu.com

Исто така, Комисијата им додели и признание на Жаклина Хаџи-Зафирова, Владимир Калински и Влатко Стојановски кои ја истражувале актуелно горливата тема „Загадувањето на воздухот во Македонија“.

slika 1 slika 2 slika 3 slika 4

 

Поврзани новости