567
Пожарникари и доброволци вработени во Општина Кисела Вода вчера се бореа со огнените јазици кои се ширеа на брдото во Пинтија. Тие успеаја да го локализираат пожарот и спречија да се спушти до куќите во близина, кои беа во сериозна опасност да бидат зафатени.
Десетина сезонски работници и вработени во Општината заедно со пожарникарите на Противпожарната бригада учествува во неговото гасење. Во текот на денот од Пожарната во Скопје добија помош и од воздух бидејќи пожарот брзо се ширеше, па беа активирани и авионите на Дирекцијата за Заштита и Спасување.