550
Почна средбата меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Министерството за надворешни работи. Ова е првата средба на Коѕијас со функционер од Владата по неговото пристигнување синоќа на аеродромот во Скопје.
Коѕијас и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба, а за околу 10.30 часот е закажана прес конференција на која и двајцата ќе се обратат. Потоа следат средби на Коѕијас со премиерот, Зоран Заев, и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Фото: Томислав Георгиев