451
Денеска во Штип беше поставена уште една уметничка инсталација слична на онаа во Скопје, џиновска машина за шиење извезе 18.000 денари на црвеното работничко платно во штипскиот парк.
Граѓаните минувачи велат дека вработените во фабриките се подвиткани со часови над машините за шиење, често во тешки услови за работа, главно жени, кои во исто време мораат да се грижат и за своите семејства.
Според нив текстилните работници се столбот на штипското стопанство и на локалната заедница, затоа, целосно оправдано и поддржано е зголемувањето на минималната плата, двојно повеќе од оние 9.000 денари во 2017 година.