Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери денеска во Загреб на посебна цеременонија го прими орденот Јарослав Мудриот, кој го доделува претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
-Особено сум почестен што, во име на претседателот на Украина и украинскиот народ, претседателот Врховната рада на Укарина, Стефанчук ми го додели орденот Јарослав Мудриот за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот, напиша Џафери по примањето на орденот.
Покрај Џафери, меѓу наградените се најде и претседателот на Бундестагот Бербел Бас, потоа претседателот на Собранието на Норвешка, како и претседателите на Парламентите на Ирска, Швајцарија, Франција, Летонија, Естонија, Литванија, Хрватска…