Откако вчера на бензинските пумпи низ Македонија можеше да се забележи голема гужва, денеска ситуацијата на терен е сосема друга.
Колони од возила кои чекаа и по неколку часа за гориво беше глетката која ги изненади граѓаните на Македонија во вчерашните попладневни часови.
Иако надлежните институции тврдеа дека има гориво во земјава, сепак граѓаните, сакајќи да се осигураат за подолго време, ги полнеа резервоарите на бензинските пумпи.
Денеска на овие места можеше да се забележи нормализирано присуство на возила без поголемо задржување на главните улици.
И министерот за економија, Крешник Бектеши вчера со чудење говореше за гужвата и непотребната паника која се создала кај луѓето, потенцирајќи уште еднаш дека нафтените резерви во државава се доволни.
Фото – Томислав Георгиев
Јорданчо Цветаноски