2.1K
Дарко Масларковски, рапер, кој заедно со неговиот брат Жарко, е основач на „Пука козметика“, за овие локални избори е носител на советничката листа во Аеродром од политичката партија Левица.
Како што велат од партијата, тој ќе се бори за запирање на коруптивните практики на локалната власт и узурпација на просторот од страна на урбаната мафија, чиста општина и слободен пристап до информациите за работењето на општината.