Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. Тука сум пред се на колегите, а потоа и на сите граѓани да им ги честитам двата празници. Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува, истакна Чулев при неговата денешна посета на полициските службеници во Тетово и Гостивар.
Publiée par Наќе Чулев sur Dimanche 24 mai 2020
Министерот Чулев уште еднаш се заблагодари на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од корона вирусот.
„Времето во кое живееме и предизвикот со кој се соочуваме секојдневно не потсетуваат дека битките кои ги водиме во професионалниот и приватниот живот не познаваат етничка, национална, професионална или било каква припадност, а тоа е уште еден доказ и потврда дека соработката и сплотеноста е единствениот начин преку кој можеме да ја постигнеме и оствариме оваа цел. Мостовите на соживот кои ние заеднички ги градиме денес, се основата по која ќе чекорат идните генерации“, потенцираше Чулев.