ФОТО: Четири во „вис“ на плус 40

by fokus

Неделава не очекува пеколно време, со температура до 40 степени. Граѓаните наоѓаат начини како да се разладат и да се справат со топлото време, па дел од нив денеска  се сончаа и на клупите покрај кејот на Вардар.

Наредните денови ќе биде зголемена и влажноста на воздухот поради што, според УХМР, чувството ќе биде дека температурите се повисоки од измерените.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над 30, а во среда се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Утре минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а максималната од 31 до 39 степени. Во овој интервал температурата ќе се движи и во наредните денови.

УХМР информира и дека од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.ж

Фотографија: Томисла Георгиев

Поврзани новости