Фото: Чергите станаа нов моден тренд на хируршките клиники

by Fokus

Во услови кога министерот за здравство Никола Тодоров и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски се расфрлаат со нови 200 милиони евра инвестиции во јавното здравство за реконструкција и изградба на болници, како и за набавка на медицинска опрема, дел од скопските клиники „пливаат“ во вода.

Тоа е сликата што последните неколку денови ги пречекува дел од вработените на хируршките клиники и пациентите кои преку фотографии го споделија хаосот што настанал откако дождот непрестајно врне. Според нив, патеките се ниски под ниво на земјата, немаат одвод, а другите се со дупки и баш поради тие причини се собрала толку многу вода. Дел од нив, дури на смеа велат „И, сега замислете заврна дожд во ноември“. Лекарите тврдат дека пациентите вчера „летале“ наместо да одат по патеките на скопските клиники.

15033704_10211495166759982_1006745641_n

И.М.

 

Поврзани новости