Најновиот политички барометар на БРИМА покажува дека по изборот на новата Влада дошло до значајни поместувања на позициите на политичките партии во електоратот на Македонија. Истражувањето е спроведено непосредно по изборот на владата (од 2 до 12 јуни 2017).
За првпат по низа години СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој го поддржуваат 19,8% бирачи. Иако ВМРО-ДПМНЕ во сегментот на етничките Македонци се уште има предност од 0,9% во вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6% затоа што СДСМ го поддржуваат 6,3% од етничките Албанци а исто така СДСМ и кај гласачите од другите етнички заедници има предност од 15,1% во однос на ВМРО–ДПМНЕ. Во Албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26,6% во однос на Беса која е поддржана од 15,8% и Движењето за реформи во ДПА која ја поддржуваат 15,5% етнички Албанци.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека во вкупниот електорат сега на позитивната листа води Зоран Заев со 17.7%, a Никола Груевски заостанува зад него за 4.7%, за кого се определиле 13.0% граѓани од вкупниот електорат.