781
Босанецот Сафет Семиќ стана хит на социјалните мрежи откако на својот Фејсбук објави фотографија на која е облечен во фустан и сподели зошто го направил тоа.
Тој пред неколку дена не бил пуштен во зградата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Мостар, бидејќи бил облечен во шорцеви, по што отишол во продавница и купил фустан со кој му се покриени колената, како што предвидуваат правилата за влез во државна институција.
Портирот овојпат го пуштил и тој си завршил работа.